(ВИДЕО) Црвените чадори маршираа во Скопје: Сексуалните работнички бараат хуман и еднаков третман од државата

Од:

Во Скопје традиционално се одржа Маршот на црвените чадори во пресрет на одбележувањето на 17-ти декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.

Тие бараат хуман и еднаков третман од страна на државата базиран на принципот на почитување на човековите права, загарантирани со законите и уставот на Македонија и декриминализација на сексуалната работа.

„5353 денови до правда” е мотото на маршот кој започна  пред спомен куќата на Мајка Тереза, потсетувајќи на полициската рација од 2008 година, кога 23 сексуални работнички биле уапсени и цела ноќ држени во полициска станица. Според нивните тврдења, тие биле подложни на омаловажување и малтретирање од страна на полицијата. 13 од нив, во 2009 година, со подршка на ХОПС и Отворено општество Македонија, поднесоа тужба против МВР за институционално насислтво и повреда на нивните права.

„Нè држеа цела вечер во најнехумани услови, уриниравме таму, нè навредуваа ‘курви’, но правдата конечно е задоволена“, изјави една од сексуалните работнички.

Основниот суд им ја прифати тужбата и пресуди во нивна корист две години по рацијата, но нивната голгота по судовите не заврши тука, бидејќи Апелациониот суд два пати ја враќаше пресудата, а вториот пат дури и ја преиначи на нивна штета.

Само четири тужителки ја продолжија правната битка со тужба до Европскиот суд на човекови права.

Оваа година сексуалните работнички  издејствува правда, добија пресуда од Стразбур со која се утврдува дека нивните човекови права биле повредени од македонските судови, бидејќи преиначиле пресуда без да дадат образложение. Освен што утврди повреда, судот им досуди и обештетување од 13.300 евра.

,,Оваа година одбележуваме 5353 денови до правда. Оваа година, по 16-ти пат гордо маршираме на улиците истакнувајќи дека иако можеби е бавна, сепак правдата постои и на крајот може да биде задоволена. Оваа пресуда е и порака до судовите дека правата на сите граѓани се еднакви пред судовите вклучително и на сексуалните работнички, изјави Хајди Штерјова-Симоновиќ, извршна директорка на здружение „ХОПС – Опциии за здрав живот“ Скопје.

Организацијата вели дека освен што оваа пресуда е јасна и гласна порака до судовите и институциите, таа им отвара можност на овие сексуални работнички да бараат повторување на постапката пред македонските судови.

Би можело да ве интересира

Марш на црвените чадори: Потребно итно донесување нови правни рамки за регулација на сексуалната работа

Ана Ололовска

ХОПС: За време на одбележувањето на Меѓународниот ден за правата на сексуалните работници не се случија инциденти

А1он

Меѓународен ден на сексуалните работници: „Ние сме осудувачко општество, кое не прифаќа различности“

Искра Манојлоска

ВИДЕО: „Дајте вакцини, и ние сме приоритетна група“, протестираат бразилски сексуални работнички

Жарко Настоски

ВИДЕО: Девојките од излозите го „запалија“ Скопје, три часа со еротски танц ја држеа публиката пред Универзална

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Скопјани на колена пред разголените танчерки

Маја Илиевска-Пачемска