Ковачевски најави средба за техничката Влада, ВМРО-ДПМНЕ вели нема покана

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска изјави дека очекува наскоро да има средба со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на тема „техничка Влада“.

– Секако дека ќе имаме состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сметам дека тоа е најнормална комуникација, во која што ќе бидат разговарани овие теми. Меѓутоа, сепак не се работи за нешто што може да има слободно толкување, се работи за законска одредба во однос на ресори и позиции коишто секои од партиите застапени во Парламентот согласно законското решение ги пополнува, истакна Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната промоција на монографијата „Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи (1948-2023)“..

Прашан кога би се сретнале со Мицкоски, Ковачевски одговори дека тоа ќе се случи скоро, но, како што рече, бидејќи се работи за техничко прашање мисли дека тоа и нема да биде помпезна лидерска средба, како што обично знаат да бидат.

Премиерот Ковачевски додаде дека техничката Влада е законска обврска, и за изборите во земјава ќе има техничка Влада, затоа што, потенцира, законите се тука да се почитуваат.

– Ние ако зборуваме за владеење на право тогаш не може да велиме еден закон ќе се почитува, а друг закон нема да се почитува или овој закон ќе се почитува така како што е напишан, а овој ќе се почитува на некој друг начин. Моја законска обврска е на 100 дена пред одржување на изборите како претседател на Влада да поднесам оставка и јас тоа ќе го направам во законскиот рок, а обврска на политичките партии согласно закон е да делегираат свои претставници во таа техничка Влада што ќе ги спроведе изборите, вели Ковачевски.

Тој потенцираше дека процесот е многу јасен и во текот на наредниот период ќе бидат направени сите законски процедури, за да се реализира.

– Се уште нема пристигнато најава за средба со Ковачевски, а одлуката за учество на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада ќе се носи наредната недела, информираат од ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на премиерот.

Членови на највисокото раководство на партијата во различни изјави за медиумите посочија дека ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за учество во техничката влада, иако има и мислење дека доколку не се дел од таа влада што ќе ја предводи Талат Џафери, нема да има контрола што ќе се прави, изразувајќи сомневања за можни изборни злоупотреби.

Би можело да ве интересира

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8

Судски совет за изјавата на Мицкоски: Судската власт е самостојна и независна, секое мешање носи сериозна опасност по демократијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел