„Бехтел и Енка“ уништуваат заштитени минерали за камен со кој не може да се тампонира автопат, обвинуваат активистите

Од:

Граѓаните од Прилеп, Велес и Скопје одржаа мирен собир во месноста Каракамен во Прилеп каде што веќе почнаа подготовките за ископување тампон за изградба на автопатот кон Битола, а која е ексклузивниот геолошки и археолошки локалитет кој содржи ретки минерали и остатоци од населба од праисторискиот период.

„Уништуваат светска рекост наводно за камења за пат. А крадат скапоцени камења и кристали .Инаку, тој камен не е добар за тампонирање и тоа го тврдат геолозите. На само десет километри е рудникот Сивец кој има камења остатоци од рударењето и рудникот не знае што да им прави. Наместо овој камен, тие го користат мекиот камен полн со минерали од Каракамен. Ни ја уништуваат душата . Тоа било светилиште за локалните порано . Имало и големи карпи високи по 50 метри, но ги уништиле. А, такви карпи имало само во Египет и тука. Туристи од странство доаѓаат да го посетат ридот затоа што е музеј под отворено него. Се копа незаконски и институциите мора да ги сопрат“, вели еко-активистот за „А1он“, Димче Ацков од Велес кој сними неколку видеа од локалитетот и беше присутен на мирниот собир на граѓани.

Цела недела конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ќе го гради коридорот 10 врши ископувања на тампон, а археолошките артефакти најверојатно се уништени, предупредуваат геолозите.

Геолозите од Комитетот за заштита на природното и културно наследство предупредија дека ќе се уништи реткиот феномен и апелираа до институциите да се реагира итно.

„Веќе е направено едно минирање, а во моментов поголем број тешки машини и друга технологија се ангажирани и се изведуваат ископи дури и преку ноќ. Ако не се реагира итно, ова познато наоѓалиште на минерали ќе биде уништено. Наоѓалиштето Црн Камен е геолошки музеј под отворено него. Тоа е многу значајно, не само од геолошки, туку и од економски аспект бидејќи содржи уникатни и високо вреднувани минерали, наоѓалиштето е добро познато во научните кругови и често посетувано од геолози од земјава и странство“ , апелира геологот м-р Васја Дамески.

Ниту Министерството за животна средина, ниту Државиот инспекторат за животна средина не излегоа со став или реакција, а цела недела немаат одговор на прашањата од „А1он“ дали со ископувањето ќе се уништи локалитетот со минерали и артефакти.

Министерството не одговори ниту дали „Бехтел и Енка’ ќе може да експлоатира минерали доколку им се најдат на трасата, како што е дозволено со измените во Законот за минерални суровини.

Наоѓалиштето „Црн Камен“ во Алинци се протега на површина од 2 км2 помеѓу селата Алинци и Шелеверци на околу 10 километри јужно од Прилеп. Специфичност на ова наоѓалиште се и ретките минерални парагенези што вклучуваат минерали на ураниум, а тука е откриен нов минерал кој го носи името на нашата земја „Македонит“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски уште смета дека договорот со „Бехтел и Енка“ е криминален и антидржавен, но прекинот е поштетен

Левица: Со криењето на договорот со Бехтел и Енка ДПМНЕ ги крие криминалите на СДС и ДУИ

СДСМ: За Мицкоски договорот со Бехтел и Енка беше „историски риминал“, а сега е супер

Горан Наумовски

Левица: Со ископот на мермер за Бехтел и Енка се загрозува населението и природата

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски