16-годишно дете претепало човек за да го ограби – во притвор е, обвинителство поднесе пријава

Од:

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против 16-годишно дете во судир со законот за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 1 од Кривичниот законик.

На 13 декември, во близина на битолската Клиничка болница, детето пристапило до еден оштетен и физички го нападнало, удирајќи го по главата и телото и барајќи му пари.

Кога оштетениот рекол дека нема пари, детето го соборило на асфалтот и продолжило да го удира со клоци по телото, а потоа му ги пребарало џебовите од каде одзело паричник со 1.500 денари, банкарски картички и лични документи.

Јавниот обвинител до Судијата за деца достави предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.

Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Обвинителство бара притвор за седум полициски службеници од Штип и Кочани осомничени за тешки дела против општата сигурност

А1он

Шестооделенец со лисици врзал соучесник и му вперил пластичен пиштол

Притвор за Ратко Капушевски и Асмир Јахоски

Се преврте багер, загина малолетник

А1он

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Притвор за петмина насилници од денешните протести пред Градското собрание на Белград