Полициски службеници од СВР Битола денеска заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ ги лишиле од слобода П.Ј.(68) од Битола и Т.Г.(61) од битолското село Канино.
„При извршен претрес со судска наредба од Основен суд Битола во куќа сопственост на П.Ј.(68) од Битола беа пронајдени и одземени 14 пушки, пет пиштоли, два револвери, разни делови за оружје и околу 300 куршуми различен калибар. При претрес во с.Канино во домот на Т.Г.(51) пронајдени и одземени се две ловни пушки, една воздушна пушка, еден пиштол, разни делови за оружје, како и патрони за пушка. Лицата се уапсени и по документирање на случаите ќе бидат поднесени кривична пријава“, велат од МВР.