Лазаревска: Мицкоски и ДПМНЕ стануваат засолниште на дилери, тие се опасност по безбедноста на децата

Од:

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ, наместо да се грижат за безбедноста на нашите деца и млади, стануваат засолниште на дилери со дрога. Мицкоски и ДПМНЕ не може да ја лажат јавноста дека фотографиите со дилери на дрога се случајност. Особено што не станува збор за еден туку за три случи кои говорат многу вели пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска.

– Ова шокантно откритие, влева недоверба, немир и страв кај секој родител. Додека полицијата деноноќно се бори со трговијата со дрога и апси дилери, ДПМНЕ стана засолниште, гнездо на дилерите. Дом на оние кои ги искористуваат нашите деца за профит. Време е да се запрашаат сите: Може ли да се верува на партијата во која влијание имаат овие криминалци?
Нашите деца заслужуваат подобро. Време е Мицкоски да понесе одговорност и да каже конечно која е неговата улога и што договара со дилери? ДПМНЕ не смее да се крие повеќе. Тие целосно изгубија контакт со принципите кои ни се најважни – безбедноста и благосостојбата на нашите најблиски, на децата, рече Лазаревска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото