Автомобил се запали среде раскрсница помеѓу Железничка станица Скопје и зградата на „Неотел“.
Едно пожарникарско возило пристигна да го изгаси пожарот, а неколку полициски возила го обезбедија местото и ги пренасочија возилата од Аеродром кон центар преку улицата која води кон мостот „Беласица“.
Според очевидците, во автомобилот имало една девојка која веднаш го напуштила возилото.
Од силниот оган и високата температура испукаа и четирите гуми на автомобилот.