Ковачки до Спасовски: Дали имате податок дека возилото на убиениот Панче е во Скопје од 24, три дена пред убиството на Вања

Од:

И по 48 часа од поставените прашања до Спасовски, а со цел разјаснување на дилемата дали убиството на Вања можело да биде спречено, тој молчи. Спасовски молчи и не одговара дали возилото на убиениот Панче, со кое е киднапирана Вања, 3 дена се движело по скопските улици. Ова е важно затоа што доколку МВР распишало централна објава по возилото, тоа ќе било најдено веднаш штом ќе се регистрира од страна на системот Сејф Сити, а убијците на Панче ќе биле фатени, односно убиството на Вања можеби и немало да се случи, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Спасовски мора јасно и без политизирање и филозофирање да одговори дали возилото на убиениот Панче влегло во Скопје од правец на Велес уште на 24 ноември, 15 тина минути пред 7 часот и дали се до 27 ноември – денот на убиството на Вања, истото се движело низ Скопје, без полицијата да ги приведе убијците? Дали истото возило поминало на истата локација од која што влегло на 24ти и на 25ти вечерта? Спасовски мора да одговори, дали МВР знаела, т.е. имала можност да го лоцира возилото, но тоа не е направено затоа што не распишале централна објава? Повторувам, зошто кога семејството на убиениот Панче пријавува дека тој е исчезнат со возилото уште на 22 ноември не е распишана централна објава? Ова е клучното прашање, зад кое се крие одговорот за пропустот на МВР, рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

Адвокатот што го возел Палевски до Турција се онесвестил кога прочитал за што го обвинуваат Палевски

Катерина Ѓуровски

Палевски дојде кај мене да го поправи котелот за греење ден по убиството на Вања – сведочи негов пријател

Катерина Ѓуровски

Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните

Сослушано семејството на таткото на Вања, судењето продолжува на 20 ноември

А1он