Нема нерешливи прашања меѓу Анкара и Атина и покрај некои несогласувања, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и изјави дека Турција сака да го продолжи позитивниот моментум постигнат во билатералните односи меѓу двете земји, пренесува Ројтерс.
Ердоган по средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина најави дека министрите за надворешни работи на двете земји ќе разговараат за споровите во Егејското Море и смета дека би било добро годишните разговори да се одржуваат на високо ниво.