Кочо Анѓушев и неговата фамилија ставени на црната листа на САД

Од:

Бизнисменот и поранешен вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев е ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави. Оваа одлука е објавена на веб страницата на американскиот Стејт департмент, каде е наведено дека освен него, забрана за влез во САД има и за неговата сопруга Елизабета, како и за децата Анегл и Огнен.

„Соединетите Држави го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите Држави поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси и ја поткопа довербата на јавноста во Северна Македонија во владините институции и јавни процеси“, стои во објавата на Стејт департментот.

Со оваа одлука, тој се придружува на Сергеј и Ирина Самсоненко, бизнисменот Орце Камчев и неговата мајка Ратка Куновска-Камчева, како и на Рамиз Мерко. Претходно, забрана за влез во САД добија и експремиерот Никола Груевски и неговиот братучед и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков.

Би можело да ве интересира

Техеран: САД не ја спроведуваат првата точка од договорот со Иран – прекин на огнот

САД и Катар ќе „одмрзнат“ шест милијарди долари сопственост на Иран

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин

Завршена првата рунда од разговорите меѓу Иран и САД во Швајцарија: Џеј-Ди Венс открива детали од разговорите

Горан Наумовски

Завршена првата рунда разговори Иран-САД

Пезешкијан: Нема да се откажеме од правото да збогатуваме ураниум