„Смртна казна за убијците на Вања“ – на социјалните мрежи се шири петиција

Од:

Веста дека 14 годишната Вања е убиена ја вознемири цела македонска јавност. Гнев, неверување дека некој би можел поради користољубие да посегне по животот на 14 годишно дете. Јавноста бара објаснување од институциите и повеќе информации, но истовремено изразува и гнев што во случајот се осомничени дури 5 лица.

И тоа истите лица се осомничени и за убиството на повозрасниот велешанец.

Социјалните мрежи изобилуваат со коментари за тоа каква казна треба да ги стигне сторителите. Веднаш почна да се шири и петиција која за само неколку минути веќе има солиден број потписи.

Со петицијата се бара воведување на смртна казна за убијците на Вања.

https://www.change.org

Во дел од коментарите се вели и да се воведе посебна казна – како лекс-специјалис за овој случај, бидејќи „ затворска казна колку и да е голема во Македонија, не е соодветна казна за овие монструми“.

Социјалните мрежи вријат и многу родители, а и цела Македонија ќе останат вознемирени. Се очекуваат повеќе информации во деновите што следат, откако Обвинтиелството и МВР ќе можат да изнесат повеќе детали.

Во вечерашното соопштение се вели дека по преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.

Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.Воедно, наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност“, известија вечерва ОЈО и МВР.

Би можело да ве интересира

Смртна казна за мажот кој жива ја запали својата сопруга поради бојата на кожата

А1он

За трговија со дрога во Виетнам 11 осуденици добија смртна казна

А1он

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

Манев кажа кој го уништил синиот ранец со пиштолот користен за убиствата на Вања и Панче

Да се ослободи Палевски, нема конкретни докази против него, вели адвокатот Страшевски

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски