Индонезискиот вулкан Марапи во Западна Суматра почна да исфрла пепел во висина од 3.000 метри, соопшти денеска индонезиската агенција за природни катастрофи BNPB.
Ројтерс пренесува дека фотографиите на BNPB покажуваат автомобили и патишта покриени со пепел.
Локалните власти соопштија дека вулканот висок 2.891 метар еруптирал денеска во 14 часот и 54 минути по локално време и дека вулканската пепел со голем интензитет се проширила во околните области.