Околу пет часот утрово во тепачка во Врање три лица се повредени од огнено оружје.
Според информациите од Вишото јавно обвинителство, во тепачката учествувале шест лица, а тројца се полесно повредени од огнено оружје.
Во тек е полициски увид на местото на инцидентот.