Од тимот на „Лотус“ кој се натпреварува во трките од Шампионатот во Формула 1 ја потврдија информацијата дека Роман Грожан и следната сезона ќе вози за нив, додека за пополнување на местото кое останува празно со одењето на Кими Раиконен во „Ферари“ најголеми шанси имаат Фелипе Маса и Нико Хулкенберг.
– Следната сезона повеќе ќе се фокусираме на искуството отколку на брзината. Грожан останува, Маса и Хулкенберг во моментов имаат еднакви шанси да дојдат кај нас, а за возачот кој ќе го избереме ќе потпише двегодишен договор со нас, соопштија од „Лотус“.
Фелипе Маса практично останува без ангажман по одлуката на „Ферари“ да го ангажира Раиконен, додека Хулкенберг не го прикажува очекуваното од него во екипата на „Заубер“.