Коен од Скопје: Примирје во Газа се додека Хамас ослободува заложници, потоа војната продолжува

Од:

Има само еден одговорен за масакрот на 7 октомври за заложниците и војната која започна, за страдањата на луѓето во Газа, а тоа е Хамас – ИСИС. Прекинот на огнот ќе продолжи се додека тие ги ослободуваат заложниците, но по примирјето ќе ја продолжиме војната, изјави министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен пред учеството на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ што се одржува во Скопје.

– 7 октомври беше трагичен ден за Државата Израел. Ние всушност видовме дека истата земја која се бори и ја поддржува борбата против Украина го прави истото против Израел. Има само еден одговорен за масакрот на 7 октомври за заложниците и војната која започна, за страдањата на луѓето во Газа, а тоа е Хамас – ИСИС. Ќе продолжиме да се бориме додека не ги вратите сите заложници и додека не го елиминираме Хамас. Светот треба да биде обединет да ја ослободимe Газа од Хамас – ИСИС со цел да осигураме дека такви злосторства нема да се повторат никаде во светот, изјави Коен.

Коен во Скопје

Прашан колку блиску се до постигнување мир, Коен посочи дека се одлучни да продолжат во борбата против, како што рече, оваа терористичка организација.

-Се додека тие ги ослободуваат заложниците, ќе продолжиме со прекинот на огнот. Но, по примирјето ќе ја продолжиме војната, подвлекува Коен.

Северна Македонија и главниот град Скопје се домаќини на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.

На најголемиот меѓународно-политички настан организиран во Северна Македонија од независноста присуствуваат шефовите на дипломатиите и други претставници на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ – САД, Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија.

Министерскиот состанок кој што се одржува во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ официјално ќе го отворат претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи и претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума. На отворениот дел од пленарната седница Извештај ќе поднесе генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас