Османи-Блинкен: Како стратешки партнери и НАТО сојузници остануваме обединети во поддршката за Украина

Од:

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој е во прва посета на Северна Македонија.

Во фокусот на разговорите беа актуелните меѓународни случувања, со посебен фокус на состојбите во Украина, при што соговорниците упатија силна осуда за руската воена агресија и цврста поддршка за украинскиот народ.

“Како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за Украина и одбраната на современите демократски вредности и принципи. Силно ја осудуваме руската воена агресија што претставува напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и сериозна закана за светскиот мир и стабилност”, порача Османи.

Соговорниците се осврнаа и на нашето претседавање со ОБСЕ, при што беа истакнати заложбите на Северна Македонија за надминување на предизвиците со кои се соочува организацијата, како и целокупната поддршка од САД во тој процес. Заеднички ја поздравија одлуката што го отвара патот Малта да биде иден претседавач со ОБСЕ во 2024 г., со што се надмина кризата со која се соочуваше организацијата и претставува значаен успех за нашето претседавање и иднината на ОБСЕ.

Средбата на министерот Османи со државниот секретар Блинкен е од историски карактер бидејќи станува збор за прва посета на Државен секретар на САД на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија. Посетата е уште една потврда за новиот однос меѓу двете дипломатии што започна минатата година кога Османи и Блинкен заеднички го лансираа Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Османи со „Граѓанско око“ ќе се бори против корупцијата во Чаир

ДУИ: Бујар Османи го најави проектот „Чаир 48“

ВЛЕН: Бујар Османи, 20 години лична кариера, 0 проекти за Чаир

Влен: Бујар Османи како Претседавач со ОБСЕ беше на српска страна, против интересите на Косово

ВРЕДИ: Бујар Османи да одговори каде завршија 120 милиони денари народни пари

А1он

ВРЕДИ: Бујар Османи, што криеш штом нема документи каде си потрошил над 120 милиони денари?

А1он