Маркоска: ДПМНЕ да не бега, веднаш да закаже седница на Комисијата за Онкологија

Од:

Трет ден ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи бегаат, откако направија срамна злоупотребата на Анкетната комисија. Бараме веднаш да се закаже седницата на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија вели пратеничката на СДСМ Даниела Маркоска.

– Јавноста гледа дека на ДПМНЕ воопшто не им била важна вистината, не биле важни пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат. Замислете, откако ги фативме како сакаат да ја злоупотребат анкетната Комисија три дена ДПМНЕ бегаат од комисијата којашто ја води претседателка од нивната партија. Се потврдува она што се сомневавме уште од почеток, дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја залоупотребува во политички цели. Наместо да бегаат, ДПМНЕ веднаш да ја свикаат седницата на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија, вели Маркоска.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе пријава за новинарот Бранко Героски

Продолжува војната СДСМ-Деспотовски: Хајка на квислингот

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?