Марковска: По скандалозните злоупотреби на Комисијата за Онкологија никој нема доверба во Мизрахи

Од:

И денеска нема закажано седница на Анкетната комисија за Онкологија, ДПМНЕ втор ден бега. Срамната и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи вели пратеничката на СДСМ Даниела Марковска.

– Во текот на вчерашниот ден Мизрахи и ДПМНЕ направија преседан во македонското Собрание. Заклучоци напишани во Белата Палата, без ниту еден доказ и без основа, беа прочитани и комисијата прекината. Без притоа воопшто и да се направи обид да се дојде до заеднички заклучоци, усогласени од членовите на Анкетната комисија. Ние се спротивставивме за оваа злоупотреба, за овој преседан по што пратениците на ДПМНЕ, виде јавноста, цел ден бегаа од седницата. Еве истото се случува и денеска. Сомнително е и тоа што единствено Милан Ристевски не беше пред анектната комисија, но за ова дополнително ќе се информираме. Случајот Онкологија после 30 години го отворија институции во време на СДСМ и без разлика на ваквото однесување на ДПМНЕ одговорност за сите ќе биде утврдена, рече на прес конференција во Собранието Марковска.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат