(ВИДЕО) СДСМ: ДПМНЕ бега од седница на Анкетната комисија за Онкологија

Од:

ДПМНЕ цел ден бега од седница на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија.

Бегаат затоа што се обидоа да ги излажат граѓаните злоупотребувајќи ја комисијата и затоа што се фатени како ги лажат граѓаните.

Денеска се случи преседан, заклучоците напишани од Белата Палата, Рашела Мизрахи ги прочита без усогласување, без гласање, без разгледување и даде пауза, со што директно ја залоупотреби својата функција како претседавач на комисијата.

Целта на ДПМНЕ не е вистината, не е истрагата, не се пациентите на Онкологија.

Јавноста е сведок за една класична политичка злоупотреба од страна на ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи.

Затоа Мизрахи бега, затоа сите членови на комисијата од ДПМНЕ денеска бегаат од седница.

Заради ваквите злоупотреби Мизрахи треба да си даде оставка, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме