Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Од:

Претседателот на „Достоинство” Стојанче Ангелов денеска до Собранието достави Предлог закон за измена и дополнување на постоечкиот Закон за бранители, со кој треба да се обезбеди обсештетување на 15-тина семејства на загинатите бранители од 2001 година како и на воени инвалиди кои останале необештетни. Тој очекува пратениците да дадат поддршка и повика истиот да се стави на дневен ред и да се изгласа по скратена постапка.

Со овој закон, како што рече, бараат по 70 илјади евра надомест на нематеријална штета за семејства на загинатите кои уште не се обештетени, и по 50 илјади за сто процентен воен инвалидитет.

-Дел од семејствата на загинатите бранители од 2001 година, конкретно 15-тина семејства, како и десетина воени инвалиди до ден денес останаа необештетени.Овој Предлог закон нуди решенија на овој проблем, користејќи ја формулата која што е применета од страна на Владата на Никола Груевски за време на терористичкиот акт во Диво Насеље, изјави денеска Ангелов пред Собранието.

Во овој момент, како што додаде, според податоците постојат само четири воени инвалиди кои не се обештетени. Тој ги повика пратениците од македонски политички блок во Собранието да дадат поддршка, односно да се потпишат за овој Предлог закон да влезе во собраниска процедура.

-Бараме што поголем број пратеници и од позицијата и одпозицијата да се потпишат на нашиот Предлог закон. Очекувам од ВМРО-ДПМНЕ да дадат целосна оддршка на нашата иницијатива. Ние имаме отворена поддршка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но очекувам поддршка и од владина коалиција. Очекувам претседател на Собранието итно да го донесе на дневен ред овој предлог, рече Ангелов.

Тој потсети дека минатиот декември до Владата поднеле иницијатива за надминување на овој проблем, со која што нудат решение за обештетување на 15 семејства и воени инвалиди, но до ден денес оваа инцијатива уште не е разгледана.

-Од разговорите кои ги имав со премиерот Димитар Ковачевски во текот на годината, од него добивме поддршка, а поддршка имаме и од клучните министри за одбрана и внатрешни работи. За жал, проблемот е во политичката партија ДУИ која во Владата во овој момент не дава поддршка на оваа иницијатива, иако на една од коалициските средби лидерот на ДУИ Али Ахмети најави дека ќе се најде решение, рече Ангелов.

Тој потенцира дека доколку иницијативата биде отфрлена, ќе ја напуштат владината коалиција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски

Ангелов: Денеска 12 пожари на отворено од кои четири се целосно изгаснати

(ВИДЕО) Голем пожар помеѓу Свети Николе и Пробиштип

Горан Наумовски

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он