Левица: СДС-ДУИ-ДПМНЕ спремни и насилно да го донесат новиот Деловник

Од:

Ја информираме јавноста дека на денешната пленарна седница на Собрание, криминогената широка коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ се подготвува насилнички, со шверц без преседан, да го донесе новиот Деловник велат од Левица.

Иако Левица уредно поднесе над 2.000 амандмани за да спречи носење на штетен и недемократски Деловник со кој се укинува филибастеринг – власта е подготвена брутално да ги прекрши собраниските процедури и да ги угнети пратеничките права. Ваквото насилие е целосно погребување на македонската демократија, а пратениците на Левица се подготвени и физички да го бранат народниот мандат, реагираат од партијата.

„Се спрема финалниот шверцерат во Собранието на Северна! СДС-ДПМНЕ-ДУИ vs Левица. Договорено е и физичко вадење на пратениците на Левица од пленарната сала, само и само да помине Деловникот со кој опозицијата би станала излишна. Епа, ОК. Предизвикот е прифатен. Кад је бал, нека биде маскенбал.“ – напиша лидерот на Левица Димитар апасиев на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Крмов: Коалиција повторно проработи – ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура

А1он

(ВИДЕО) Апасиев: За ваков Изборен законик не беше постигнат консензус, Левица ќе го блокира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Мојсоска: Откако вмровец влезе во криминалот со „Бехтел и Енка“ Тошковски го ослободи Груби од притвор