Танески: Охриѓани чекаат одговор на чија сметка е егзотичното патување на Пецаков

Од:

После две години поразителен е заклучокот: Охрид ја има најнеспособната локална власт досега на чело со Кирил Пецаков и ДПМНЕ. Актуелен е скандалот со егзотичното крстаење на градоначалникот, заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет вели пратеникот на САДМ Лазе Танески.

– Со денови охриѓани чекаат одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков? Додека ги зголемува цените на услугите по јавните претпријатија за охриѓани должен е да излезе и да одговори пред граѓаните. Со ДПМНЕ и Пецаков охриѓани плаќаат повисоки сметки за над 40%, поголема цена на паркинг, за гробарина за 75%, за градски пазар за 35%. Поминаа две години, а освен скандали во Охрид локалната власт на ДПМНЕ ништо не работи. Резултати НУЛА. Единствено СДСМ преку Владата којашто ја предводи вложува во Охрид и реализира проекти. СДСМ вложи 6 милиони евра во охридското образование. Долгот на општина Охрид е исплатен повеќе од половина токму со помош на Владата на СДСМ. Санација, преземање на долгот и управувањето со Колекторскиот систем е исто така дело на СДСМ. Успеавме да го зачуваме и престижниот статус на нашиот бисер, Охридското езеро останува на листата на УНЕСКО. Тоа е суштинска разлика помеѓу СДСМ и ДПМНЕ во Охрид, рече Танески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски