Левица: Молк за скандалозниот оглас на ,,Бехтел и Енка” за северномакедонски јазик

Од:

Резултатите на владеењето на предавничката СДС и сецесионистите од ДУИ се крајно погубни во однос на државата и општата добробит. Корпоративната диктатура, која ја официјализираа со европско знаменце за да му се дозволи на Артан Груби да се богати, додека американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ги експлоатира работниците со над 70 часа работа неделно, сега на вулгарен начин задира и во основните идентитетски обележја на државата – нарекувајќи го во оглас македонскиот јазик како „северномакедонски мајчин јазик“ велат од Левица.

– Владата, која ја сочинуваат импотентните квислинзи од СДС и етно-трибалистичките сецесионисти од ДУИ, дозволува една корпорација да го надополнува проектот за редефинирање на државните идентитетски обележја. Имено, во огласот за вработување за лице за работната позиција „водач за односи со јавноста“, од страна на контроверзниот американски конзорциум, „Бехтел и Енка“, јазикот наведен како официјален јазик на Република Македонија е тенденциозно наведен како „северномакедонски мајчин јазик“. Дополнително, во албанската верзија на истиот оглас македонскиот јазик е претставен како „мајчин јазик на Република Северна Македонија“, додека македонската верзија е последна, по англиската и албанската, што е флагрантно деградирање на македонскиот јазик! Ваквата тендеција е директна последица на нелегитимниот Преспански договор, за чии долгорочни последици Левица алармираше уште пред спроведувањето на неуспешниот референдум. Анти-македонската политика на предавничките СДС и ДУИ резултира со целосно редефинирање на антифаштичкиот македонски идентитет во НАТО-ски северномакедонски идентитет. За ваквиот скандалозен оглас нема никаква реакција од страна на триото СДС-ДУИ-ДПМНЕ, најверојатно за да не го навредат “стратешкиот партнер” кој го спроведува проектот Коридор 8. Изостанува реакција и од провладините активисти и организации кои силно убедуваа дека ,,македонскиот јазик е зацементиран”. Левица во својата Програма се залага за поништување на т.н. Преспански договор со Грција и на криминалните илегални уставни амандмани прозлезени од истиот – поради непочитување на правото на самоопределување, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Горан Наумовски

Левица: Преместувања, откази и партизација во Министерството за земјоделство – Трипуновски ја прекројува систематизацијата

Горан Наумовски

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД