Орбан: Украина е неколку светлосни години далеку од ЕУ, ќе се спротивставиме

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека „Украина е неколку светлосни години оддалечена од Европската унија“, пренесува АП.

Тој понатаму сигнализираше дека неговата влада најверојатно ќе биде пречка за амбициите на Киев да се приклучи на ЕУ.

Унгарскиот премиер рече дека тој и неговата влада „ќе се спротивстават“ на разговорите закажани за средината на декември за тоа дали официјално да ја поканат Украина да ги започне преговорите за членство.

Унгарскиот политичар претходно изјави дека Украина во никој случај не е подготвена да ги започне преговорите за членство во Европската унија. Тој додаде дека не може да се започне дијалог за ова прашање.

Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија. Како што е наведено, за да стане членка на Унијата, Украина мора да ги заврши преговорите за економски, политички и културни реформи. Се нагласува дека рокот за пристапување на Украина во ЕУ зависи од реформите и принципот на доделување членство „по заслуга“.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски