Боинг 787 е најголемиот патнички авион кој некогаш слетал на Антарктикот. Тој слета на ледена писта во истражувачката станица Трол во четвртокот, објави Би-Би-Си.
Авионот превезувал 45 истражувачи и 12 тони истражувачка опрема од Норвешкиот поларен институт.
Тоа е најголемиот патнички авион кој слетал на најјужниот континент досега, објави Институтот. Пистата на која тој слета е направена од снег и мраз, а е долга 3 километри и широка 60 метри.
„Има кратки писти, трнливи писти и писти познати по вкрстени ветрови. Еве уште една која ќе предизвика нервоза кај нервозните летачи – ледена писта“, пишува CNN за слетувањето на Боингот на Антарктикот.