Лога очекува ВМРО-ДПМНЕ да предложи претседател на работната група за измени на Законот за јавното обвинителство

Од:

Министерството за правда вчера писмено ги информирало претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и координаторот на пратеничката група на таа партија, Никола Мицевски, за координативниот состанок одржан во Министерството на 15 ноември на кој биле отворени и дискутирани повеќе аспекти во врска со подготовката на измените на Законот за јавното обвинителство.

Како што објави министерот за правда Кренар Лога на својот фејсбук-профил, претставниците на јавните обвинителства на состанокот укажале дека постои потреба од подобрување преку донесување законски решенија.

-Следејќи ја и досегашната практика за обезбедување вклученост и на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во сите постапки за донесување на законите кои се во надлежност на Министерството за правда, воедно и преку доставување на работните верзии на законите кои се во постапка на подготовка, во дописот информираше за резултатите од одржаниот состанок имајќи предвид дека координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај упатената покана, не присуствуваше на состанокот, наведува Лога во објавата.

Со доставениот допис, додава министерот, на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ „и се упати можност да даде свој придонес“ со тоа што ќе ја предводи работната група задолжена за изготвување на измените и дополнувањата на Законот за јавното обвинителство со доставување предлог за нејзин претседател.

-И покрај фактот што до Министерството за правда се уште не е доставен никаков писмен одговор, забелешки или предлози на работните верзии на законите во надлежност на Министерството за правда, кои беа доставени и примени од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на 12 јули 2023 година, изразуваме уверување дека од нивна страна ќе биде прифатена упатената покана и во оваа насока ќе биде доставен предлог за претседател на работната група која ќе биде формирана во рамки на Министерството за правда, наведува ресорниот министер на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина