Фрчкоски: Социјална зграда вредна 10 милиони евра, СДСМ инвестира во инфраструктура и се грижи за ранливите

Од:

СДСМ инвестира во современа инфраструктура но се грижи и за ранливите граѓани. Се наоѓаме во општина Бутел во Скопје, ова зад мене е најголемата социјална зграда во државата. Оваа зграда не е само капитален објект, таа е дом за 312 семејства на наши сограѓани најави Јон Фрчкоски, член на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

– Инвестиција вредна речиси 10 милиони евра на Владата на СДСМ, со единствена цел, да помогнеме на деца без родители, на самохрани родители, лица со попреченост. Ако се направи споредба со времето на ДПМНЕ, вредноста на оваа зграда од 10 милиони евра е еднаква на 4 лава -споменици од Скопје 2014. Тоа е суштината разлика помеѓу СДСМ и ДПМНЕ. СДСМ се грижи за подобар живот на граѓаните, ДПМНЕ за спомениците. СДСМ не сади жални врби и палми во Вардар туку вложува во потребите на граѓаните и тоа многу гордо можеме да го кажеме. Вакви социјални згради изградивме ширум републиката. Во изминатите 4 години, изградени се или се во фаза на изградба повеќе од 860 социјални станови, рече Фрчкоски.

Би можело да ве интересира

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов