СДСМ: Скандал „кумска врска“, тендер за кумашинот на градоначалникот, така ДПМНЕ „работи“ во Штип

Од:

Општина Штип, раководена од ДПМНЕ и градоначалникот Јорданов ја тресе скандал со кумска врска за тендер на ЈП Исар. Тендер вреден 20.000 евра е доделен од ЈП Исар на фирма на чии сопственици се во роднинска врска со член на Управниот одбор на ЈП Исар, Методи Јорданов, поточно нивни зет. Дополнително освен што е во роднинска врска со сопствениците на фирмата Методи е кумашин токму на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

„Оваа кумска врска во општина Штип е уште една во низата скандали на градоначалникот Јорданов, по скандалот со Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова и нејзината дивоградба, скандалот со јавна набавка во детската градинка “Астибо”, скандалот со проневера на нафта во којшто бил вмешан близок човек на Иван Јорданов. Тендери од илјадници евра завршуваат кај сопартијци и роднини на градоначалникот Јорданов. Така ДПМНЕ „работи“ во Штип“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски