ВИДЕО: 179 тела закопани во масовна гробница во комплексот на болницата Ал-Шифа

Од:

179 тела се закопани во масовна гробница во комплексот на најголемата болница во Газа. Палестинците кои се заробени во опколената болница ја ископлае дупката за масовната гробница. Меѓу мртвите има и пациенти од интензивна нега.

„Немавме избор, телата почнаа да се распаѓаат“ – рече директорот на болницата во која нема ни струја ниту вода.

Во болницата Ал-Шифа предвреме родените бебиња беа извадени од инкубатор поради недостатокот на струја. Завиткатни во фолии вработените ги загреваат наредени на неколку кревети. Израел денеска понуди да достави инкубатори за да бидат транспортирани бебињата.

Израелската војска соопшти дека во подрумите на болницата имало команден центар на Хамас како и тунел кој водел до домот на еден од лидерите на милитантното движење.

Би можело да ве интересира

Макрон: Треба да се запре продажбата на оружје што се користи во Газа

ВИДЕО: Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут

Израел не се откажал од ракетирање на иранските нуклеарни постројки

Американците нападнаа

ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран

(ВИДЕО) 18 мртви во израелски напад на Западниот брег: Ова е масакр

Катерина Ѓуровски