Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Од:

На ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор за предметите „Организатори на 27 април“ и „Шпански скали“. Оваа одлука  Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја донесе денеска, а во неа е наведено дека имало недостиг од доволни причини на неговото лишување од слобода и недостиг од навремено разгледување на жалбите кои што се поднесувани за притворите.

„Утврдена е повреда на член 5 став 3 поради немање доволно причини за лишување од слобода на жалителот и повреда на член 5 став 4 поради недостиг на ‘брзо’ преиспитување на лишувањето од слобода на жалителот“, стои во пресудата на Европскиот суд за човекови права.

Судот освен повреда на човековите права, утврдил и дека ексминистерот има претрпено штета поради притворите, за што му е одредена штета од 3.900 евра.

Би можело да ве интересира

Притвор за четворица турски државјани кои нападнаа доставувач во Скопје

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава