(ВИДЕО) „Два часа чекам за пасош со „северна“: Гужви за документи пред пунктот во полициска станица „Пролет“

Од:

Неколку стотици граѓани во редици чекаат пред пунктот во полициската станица „Пролет“ во Скопје за да извадат лични документи, иако пунктот официјално ќе почне со работа од утре.

Од МВР за „А1он“ велат дека пунктот во експериментална фаза и дека ќе биде промовиран утре, но граѓаните кои чекаат во редиците веќе втор ден вадат документи.

– Работи од вчера, но втор ден има огромна гужва. Утрово дојдов и чекам околу два часа за да извадам пасош со новата придавка, а не сум завршил работа. Но, имавме закажани термини за април следната година па решивме да се обидеме да извадиме пасоши побрзо – рече еден од граѓаните кои чекаа во редицата.

Пунктот е наменет за сите граѓани кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или пасош или пак терминот им е после 12 февруари наредната година.

До тогаш е крајниот да се заменат сите лични документи како дел од обврските кои доаѓаат со Преспанскиот договор со кој Македонија го смени името во Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи