Хамас нуди заложници за петдневно примирје

Од:

Хамас преку катарските посредници објави дека е подготвен да ослободи до 70 жени и деца во замена за петдневно примирје.

„Примирјето треба да вклучи целосен прекин на огнот и да овозможи испорака на хуманитарна помош низ Појасот Газа“, изјави портпаролот на Хамас Абу Убаид, пренесе Ројтерс.

Тој ги обвини израелските власти дека избегнуваат договор за ова прашање.

На 7 октомври, кога започна нападот врз Израел, Хамас зеде како заложници повеќе од 200 луѓе и тие се во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синовите на поранешниот портпарол на Хамас

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски