Пред ноќен клуб во Охрид истепани момче и девојка

Од:

Полицијата извести дека на информативен разговор се повикани А.Т. и К.С. бидејќи се сомничат дека заедно со уште едно лице, ноќеска на паркинг пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички ја нападнале Б.Ј.(28), а потоа и Д.Ј.(34), двајцата од Охрид.

Повредените побарале лекарска помош во службата за Итната медицинска помош, а потоа, биле пренесени во Општата болница каде, кај Д.Ј. биле констатирани тешки повреди.

За инцидентот известен е Јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена пријава.

Би можело да ве интересира

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски

Нов огромен објект никнува во старата чаршија, алармира Охрид СОС

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во бугарското Народното собрание, пратениците се тепаат за говорницата: „Јаничарите ја закопуваат нашата земја“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовна тепачка меѓу навивачите на Динамо и Хајдук

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило