Повредениот хрватскиот министер Баножиќ не е во животна опасност

Од:

Утрово нешто по шест часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби маж (40) од Привлака, а тешко е повреден хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ.

Комбето во кое загина возачот е целосно уништено, а приватниот автомобил на министерот се преполовил.

Засега се знае дека повредениот министер утринава тргнал на лов.

Од жупаниската општа болница во Винковци потврдија дека министерот е тешко повреден, а владиниот портпарол изјави дека неговиот живот не е во животна опасност.

Тој од болницата во Винковци ќе биде пренесен во КБЦ Осиек.

Во тек е истрага која ја води заменикот на Жупаниското државно обвинителство од Вуковар.

Фото: Vinkulja.hr

Би можело да ве интересира

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Сообраќајка во центарот на Струмица, повредени се момче и малолетничка

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Жена е тешко повредена во сообраќајка во Скопје

Двајца загинати во тешка сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата