Две лица се водат како исчезнати откако мал авион се урна во морето кај Крит.
Според информациите, авионот од Копаида тргнал кон Ханија, со цел да учествува на демонстрациите организирани од Аероклубот од Ханија за време на викендот.
Како што соопшти крајбрежната стража, истрагата ја презеде Единствениот координативен центар за пребарување и спасување (ЕКСЕД), додека во еден чамец на крајбрежната стража, едно возило на крајбрежната стража, хеликоптер на морнарицата, два брода за крстарење и два рибарски бродови се вклучени потрагата по исчезнатите, пишува Прототема.
Според информациите, властите се обидуваат да ги лоцираат двете лица кои се наоѓаат во леталото.
Дува силен ветер што ја отежнува потрагата.