ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Од:

Никита Иванов (37), поранешен европски шампион во бокс, извади пиштол и почна да пука по луѓето среде Москва. Во близина на ресторан во центарот на градот најпрвин дошло до физичка пресметка, а потоа извади огнено оружје од јакната и рани четири лица, пренесува руската агенција „Тасс“.

Се појавија и вознемирувачки снимки од хаосот. Се гледа дека прво дошло до физичка пресметка меѓу нив и дека потоа Иванов извади пиштол и почна да пука. „Човекот кој „отвори оган“ во близина на ресторан во Москва е идентификуван како Никита Иванов и веднаш е уапсен“, се вели во соопштението.

Не е првпат да прави хаос и да има проблеми со законот. Во 2020 година го победи боксерот Башир Мирсијабов, кој поради сериозноста на повредите итно беше префрлен во болница и неговиот живот беше во опасност. За ова е приведен Никита. Дури и за време на „заклучувањето“ поради коронавирусот, тој ги прекрши правилата и поради тоа имаше проблеми со законот. Со бокс се занимава од својата 10-та година, двократен е шампион на Русија, има злато од ЕП во 2013 година и сребро, кое го освои две години претходно.

Би можело да ве интересира

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

(ВИДЕО) Русија: Со АТАКМС ја нападна нашата воздухопловна база, има штета и ранети, ќе возвратиме

Бајден сака построги санкции за Русија

САД: Русија би можела да ја употреби својата нова смртоносна балистичка ракета со среден дострел Орешник против Украина „во наредните денови“

Маж пукал во жител на Мирковци поради паричен долг

(ВИДЕО) Украинците тврдат дека го погодиле „авионот за судниот ден“ на Путин