Бројот на убиени луѓе во Газа од почетокот на војната се искачи на 10.022, се вели во извештајот на Министерството за здравство на Хамас.
Од нив 4.104 се деца, извести истото министерство.
Израелските одбранбени сили вчера извршија 450 напади во енклавата, која исто така е изложена на проширување на копнените операции.
Последните податоци на УНРВА покажуваат дека повеќе од 700.000 луѓе се раселени од 7 октомври, кога борците на Хамас го нападнаа Израел.