Репортер на палестинска ТВ и 11 членови на неговото семејство беа убиени во четвртокот во израелски воздушен напад во јужниот дел на Газа, соопшти телевизиската мрежа управувана од палестинските власти.
Мохамад Абу Хатаб известуваше во живо во четвртокот вечерта пред болницата Насер во Газа. Кога се вратил дома триесет минути подоцна, бил убиен, објави мрежата. Новинската агенција ВАФА ја објави и неговата смрт и смртта на неговото семејство.
Израелските одбранбени сили (ИДф) објавија дека немаат информации за нападот на локацијата каде што загинаа Хатаб и неговото семејство.
„Врз основа на преглед на операциите во областа, ИДф не знае за каква било воена активност на нашите сили во близина на предметната локација“, се вели во денешното соопштение на ИДф за Си-Ен-Ен.
Си-Ен-Ен не можеше независно да го потврди изворот на експлозијата, а палестинската телевизија не објави докази кои директно ја поврзуваат експлозијата со израелскиот напад.
Смртта на Хатаб предизвика шок во неговата редакција. Известувањето во живо на палестинскиот новинар Салман Ал Башир ја доведе до солзи водителката во студиото.
Palestine TV journalist Mohammad Abu Hattab was killed with his family in an Israeli airstrike. His colleague Salman Al-Bashir removes his protective gear marked PRESS on air saying: “We can’t take it anymore, we are exhausted. We are victims. The only difference between us is… pic.twitter.com/66gfbIpCWW
— Ambassador Majed Bamya 🇵🇸 (@majedbamya) November 2, 2023
„Не можеме веќе да го издржиме ова. Исцрпени сме, тука сме жртви и маченици кои ја чекаат смртта, умираме еден по друг и никој не се грижи за нас или за големата катастрофа и криминал во Газа“, тој кажа.
„Без заштита, без никаква меѓународна заштита, без имунитет на ништо, оваа заштитна опрема не штити нас, ниту шлемовите“, продолжи Ал Башир додека ги отстрануваше кацигата и заштитниот елек на кои пишуваше „ПРЕС“.
„Тоа се само пароли што ги носиме, тие не штитат ниту еден новинар“, рече тој.
Ал Башир, исто така, рече дека повеќенеделното израелско бомбардирање станало неподносливо за Палестинците во Газа.
„Во живо во етерот, ги губиме душите една по друга, без цена, стануваме маченици, чекаме да дојде редот“, рече тој.
„Нашиот колега Мохамад Абу Хатаб стоеше овде пред само 30 минути и сега не напушти, заедно со неговата сопруга, брат и многу членови на неговото семејство. Сите тие се жртви сега кои се тука во болницата.
Последниот извештај на Хатаб беше за израелските воздушни напади врз населбите во јужниот град Кан Јунис и бројот на жртви, според видеото на палестинската телевизија.
Војната на Израел со Хамас, кој ја контролира Газа, е најсмртоносната за новинарите во последните децении, според Комитетот за заштита на новинарите (CPJ). Најмалку 33 новинари се убиени од октомври, соопшти организацијата во четвртокот, меѓу кои 28 Палестинци, четворица Израелци и еден либански државјанин.