МНР: Тројца наши државјани безбедно ја напуштија Газа

Од:

Во текот на вчерашниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Северна Македонија. Со нив, преку Рафах се евакуираше и мајката на децата, која има палестинска патна исправа, извести денеска МНР.

„Во Газа има уште двајца наши граѓани, брачен пар, кои се исто така вклучени во официјалните листи за евакуација, но нивното напуштање на Газа зависи од околностите на терен, односно безбедносната проценка кој дел од Газа е најпогоден, а со тоа и потребата за итна евакуација на странските државјани. Министерството за надворешни работи преку својата дипломатска мрежа во Каиро и Тел Авив останува во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани до завршување на целосното евакуирање на нашите граѓани“, соопшти МНР.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 1.000 Палестинци се убиени додека чекале за храна во Газа

Загинаа додека чекаа хуманитарна помош во Газа

А1он

Најмалку 94 Палестинци убиени во Газа во последното деноноќие

А1он

Најмалку 67 деца починаа од глад во Газа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски