Ковачевски: Ако Грците сакаат да купат дел во МЕПСО, ние сакаме да купиме дел од солунското пристаниште

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски како лажни вести ги оцени тврдењата дека се планира продажба на дел од Македонскиот електропреносен систем оператор – МЕПСО.

-Оваа информација доминантно ја лиферуваат опозициските медиуми во државата, а и опозициската партија имаше прес-конференција. Се работи за неточни наводи и за лажни вести, а за тоа имаше соопштение и државната компанија МЕПСО која кажа дека ниту имаат разговарано, ниту разговара, ниту,пак, преговара со кого било за продавање на нејзин дел, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Битола.

Тој нагласи дека станува збор за компанија во 100-процентна државна сопственост и додаде дека ни Владата нема водено никакви разговори за продавање на МЕПСО.

-Значи се работи за информација која е дезинформација во делот на МЕПСО и Владата, потенцира Ковачевски.

На посочувањето дека информација за продажба на МЕПСО на Грчкиот електропреносен систем оператор доаѓа од грчките медиуми, Ковачевски рече дека тие имаат своја стратегија и може да имаат стратегија како што можеме да имаме и ние.

-Доколку тие сакаат да купат дел во некоја наша компанија тогаш и ние сме заинтересирани за купување на солунското пристаниште, истакна Ковачевски.

Нагласи дека земјава има закупено капацитет во Гасниот терминал во Александрополис и дека земјава не е сопственик на дел од терминалот.

-Изразивме подготвеност да бидеме дел од Гасниот терминал преку кој ќе биде транспортиран ЛНГ гас од САД и од други земји кои се наши партнери. За таа цел со одлука на Влада веќе имаме закупено количини на гас за потребите на Северна Македонија. Гасниот терминал има свои сопственици и доколку некој од нив има намера да продаде дел од своите удели кои ги поседуваат нашата држава е подготвена да купи дел од Гасниот терминал и да стане дел од сопственичката структура, прецизира Ковачевски во одговор на прашање и додаде дека сопствениците на терминалот досега немаат донесено таква одлука.

За големата гасна когенеративна централа која се гради во близина на терминалот во Александрополис рече дека е во целосна приватна сопственост на инвеститори кои не се од нашата држава.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи нема информација дека грчкиот електропреносен систем оператор е заинтересиран да влезе во МЕПСО. Како што изјави денеска, до Владата не е стигнат таков предлог, ниту има одлука дека МЕПСО ќе оди на продажба. За ова, напомена Битиќи, воопшто не се ни водени какви било разговори со некого.

Според Битиќи, во секој случај е добро да постои интерес од странски компании за инвестиции во земјава.

-Не знам што пишувале грчките медиуми. Но, независно, убаво е кога различни компании се интересираат да инвестираат во државава зашто ја гледаат геостратешката положба на земјава и можноста што постои. Ние до денес немаме официјално добиено никаков предлог, ниту имаме преговори. Кажавме дека таква одлука нема на Влада, а секако, јас сум отворен и секогаш велам – се што е добро за одржливост и за доброто на државата би требало да се разговара. Но, ова прв пат го слушам, немам таква информација. Не знам кому испратиле писмо. Јас сум дел од Владата, досега такво писмо и таков интерес нема, ниту имам направено такви разговори, потенцира Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на промоцијата на проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Северна Македонија“.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

(ВИДЕО) Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Битиќи до домашните компании: Со заедничка поддршка инвестиравте над 500 милиони евра, да продолжиме заеднички