За основните потреби на луѓето во Газа и на Западниот Брег се потребни 1,2 милијарди долари

Од:

Канцеларијата за хуманитарна помош на Обединетите нации денеска соопшти дека сумата потребна за задоволување на основните потреби на луѓето во Газа и на Западниот Брег се проценува на 1,2 милијарди долари.

„Сумата за задоволување на основните потреби на 2,7 милиони луѓе – тоа е целото население на Газа и 500.000 луѓе на окупираниот Западен Брег – се проценува на 1,2 милијарди долари“, рече Јенс Лаерке, портпарол на Канцеларијата на Обединетите нации за Координација за хуманитарни прашања (OCHA).

Оваа сума ги покрива хуманитарните потреби во Газа и дел од Западниот Брег до крајот на годината. На 12 октомври, OCHA првично побара 294 милиони долари за помош на речиси 1,3 милиони луѓе. „Од тогаш ситуацијата станува се поочајна“, додаде Лаерке.

OCHA рече дека нејзиното ревидирано барање за финансирање ќе ја нагласи потребата за храна, вода, здравствена заштита, засолниште, хигиена и други итни приоритети. „Ги повикуваме донаторите веднаш да стават достапни ресурси за да одговорат“, рече Лаерке.

„Нашата способност да ги ублажиме страдањата на палестинското население ќе зависи од соодветно финансирање, безбеден и одржлив пристап до сите луѓе на кои им е потребна, каде и да се тие, доволен проток на хуманитарни резерви и – најважно – гориво.

Протокот на помош за Газа е запрен откако Израел почна да ја бомбардира густо населената енклава по нападот на вооружени лица на Хамас во јужен Израел на 7 октомври, а хуманитарните групи велат дека не е ни блиску до задоволување на потребите на своите жители.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израелците на улици по нападите на Газа: Нетанјаху се спасува себе си

ВИДЕО: Прекин на примирјето во Газа, над 320 мртви во израелските напади

Катерина Ѓуровски

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка

Хамас го поздрави „повлекувањето на Трамп од идејата за раселување на Палестиците од Газа“

Израел ја блокира целата хуманитарна помош за Газа