Скандалот „Диво месо“ покажува дека и во 2023 година се правеле тешки милионски злоупотреби на сметка на пациентите на онкологија тври ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Скандалот „Диво Месо„ на онкологија ја покажува целата монструозност на канцер мафијата која се богатела на грбот на најтешко болните пациенти. После два месеци предистрага Обвинителството молчи за скандалот со Онкологија, нема ни обвинение, па дури ни официјална истрага велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Монструозноста во овој случај е во тоа што иако траел со месеци и години наназад, па дури и во 2023 кога наголемо се говорело веќе за злоупотребите со терапијата и третманот на клиниката за Онкологија, реакција од надлежните немало. Ниту министерството за здравство, ниту МВР, ниту ЈО. Согласно документите кои ги презентиравме клиниката за Онкологија и покрај доволните залихи со лекови, набавувала нови количини од омилената веледрогерија на власта. Иако ги “оќореле“ од пари, сепак пациентите биле оставани без терапија и за тоа никој не бил повикуван на одговорност. Како е тоа возможно? Добавувачот на скапата терапија правел дефектури, доцнења, со доставата и никој за тоа не алармирал или не повел постапка. Исто така, она кое што е видливо од документите кои ги претставивме во јавноста, во клиниката веројатно свесно не се водело сметка за трошењето на вијалите со скапата терапија. Односно, ако една вијала се потрошела до половина за еден третман на еден пациент, другата половина не се знае дали и на кого била искористена, затоа што не се водела евиденција. Тоа остава простор за злоупотреби, препродавање на црно или во најмала рака несовесно користење на екстремно скапа терапија која е купена со народни пари. На крајот она кое што особено загрижува е што скапата терапија била давана во торби на лица кои биле заведени како пациенти за да ја аплицираат надвор од клиниката за онкологија, без да се знае дали воопшто била аплицирана или била злоупотребена. Овде се работи за мафијашки систем на злоупотреба на скапа терапија на клиниката за Онкологија кој траел вклучително и во 2023 година, што предизвикал екстремен трошок за здравството, штета на буџетот и најстрашно од се се правел на сметка на пациенти кои или не добивале терапија или ненавремено ја добивале. За овој случај не смее да нема одговорност. Овде се работи за диво месо кое го уништува системот на здравствена заштита. Колку и да го кријат, одолговлекуваат или забошотуваат овој скандал, треба да знаат дека документите покажуваат дека се работи за грозоморен криминал за кој сега или наскоро ќе има одговорност. се вели во сооптението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО