Меџити: За една недела имунизирани над 10.000 граѓани

Од:

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска, го посети вакциналниот пункт во Поликлиника „Бит-пазар“, со цел лично да се запознае како тече процесот на вакцинација против сезонски грип.

Меџити изрази задоволство од досегашниот одзив на граѓаните, потенцирајќи дека тоа покажува дека тие се одговорни за своето здравје и информирани дека вакцинација против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки компликации, особено кај ризичните групи.

-Само за една недела во вакциналниот пункт во Поликлиника „Бит-пазар“ вакцина против сезонски грип примиле 824 лица, а термин за вакцинација закажале 3.957 граѓани. Податоците на ниво на целата земја го потврдуваат високиот интерес на граѓаните за оваа вакцина, досега се евидентирани 51.649 пријавени и над 10.000 имунизирани граѓани, информираше Меџити.

Министерот Меџити посочи дека сезонските вакцини се безбедни и ефикасни и играат значајна улога во намалувањето на ширењето на заразните болести, потенцирајќи дека одлуката за имунизација значи посветена грижа за сопственото здравје, но и за благосостојбата на целото наше општество.

-Од витално значење е да се подигне свесноста за придобивките од вакцинацијата и сите заедно да бидеме посветени на нашите заложби да се заштитиме себеси и тие околу нас. Важно е нашата заедница да биде добро информирана и да ги охрабриме сите граѓани, а особено тие кои припаѓаат на ранливите групи да ја искористат можноста за имунизација која може да значи и спас на животи, истакна Меџити.

Министерството за здравство, годинава, обезбеди 60 илјади вакцини наменети за имунизација на ризичните категории граѓани и здравствените работници кои се бесплатни, додека центрите за јавно здравје обезбедуваат вакцини и за комерцијална употреба.

Граѓаните за вакцинација може да се пријават преку веб-страницата: vakcinacija.mk каде ќе добијат СМС-порака со информација каде можат да дојдат и да се вакцинираат против сезонски грип.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куцуловски: Меџити да излезе од својата канцеларија и да го реши проблемот со дивите депонии

Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Предраг Петровиќ

Путин најави вакцина против рак

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота

Македонци не смеат да се пријават на оглас за лекари во ГАК, за Меџити и Ковачевски се е законски

A1on

Нерегистрирано во Македонија, движењето на Курти влезе во коалицијата на Меџити, Касами и Гаши