Не помина Законот за амнестија: 17 пратеници гласаа „за“, а 66 „против“

Од:

Со 66 гласа против, тројца воздржани и 17 гласа за, не помина Законот за амнестија кој министерот за правда, Кренар Лога го образложуваше пред пратениците.  Во записникот беа впишани 15 пратеници дека гласале „за“, но потоа собранискиот спикер Талат Џафери образложи дека уште двајца пратеници, Аднан Незири и Илирие Даути гласале „за“ законот да биде донесен, но тоа не влегло во системот.

„Ги повикувам пратениците да дојдат во затворот Идризово и да ги видат условите. Амнестијата ќе овозможи ресоцијализација“, кажа Лога пред пратениците, набројувајќи ги сите претходни закони за амнестија кои поминале во Собранието низ годините.

Тој носи и фотографии од состојбите во затворите во Македонија кои освен на пратениците, ги даде и на новинарите во Собранието на разгледување.

Лога претходно за А1он изјави дека „едвај чека да се потврди дека некој се грижи за сите граѓани на оваа држава, а некој друг само за неговиот двор и за големите риби“. Сепак, кажа дека во моментов не планираат да ја напуштат владината коалиција.

Би можело да ве интересира

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

ДИК: Од 2.162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, своето право на глас до 15.30 часот го оствариле 810 гласачи

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

Денеска гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови…