Поп ѕвездата Селена Гомез на својот Инстаграм се огласи за војната на Блискиот Исток, поради што е на удар на нејзините обожаватели.
Гомез реши да се одмори од користењето на социјалните мрежи бидејќи, како што тврди, повеќе не може да гледа хорор сцени.
„Направив пауза од социјалните мрежи бидејќи ми се крши срцето кога го гледам целиот ужас, омраза, насилство и терор што се случува во светот. Мачењето и убивањето луѓе или каков било чин на омраза против која било група е ужасно. Мораме да ги заштитиме сите луѓе, особено децата, и престанете со насилството засекогаш“, напиша таа во првиот дел од својата објава.
„Жал ми е ако моите зборови никогаш нема да бидат доволни за секого. Едноставно не можам да поднесам да се повредуваат невините луѓе. Ми се гади од тоа. Посакувам да можам да го променам светот, но постот нема да го направи тоа. Ве сака, Селена“, додаде таа.
Објавите на пејачката не наидоа на добри реакции кај фановите, кои своето незадоволство и критики го упатија кон пејачката и актерката под последната објава на нејзиниот Инстаграм профил.
„Искрено сум шокиран. Велиш дека сакаш мир, а потоа едноставно ги напуштил социјалните мрежи поради твоето ментално здравје и велиш дека објавата нема да ги промени работите? Ти си некоја со огромен број следбеници и не си го ни спомнала името на Палестина еднаш“, „Ја поддржавте Украина, а каде е Палестина“, „Се срамам да ве поддржувам“, „Толку разочаран“, „Постојано зборувате за ментално здравје, но нема да зборувате за геноцид“, се само некои од многуте коментари.
Инаку, Селена Гомез е амбасадор на УНИЦЕФ од 2009 година и моментално е најследената жена на Инстаграм, а до сега секогаш ја поддржувала борбата за човекови права и укажувала на проблемите во општеството.