Катарската телевизија Ал Џезира објави дека повторно е погоден бегалскиот камп Џабалија на северот на Појасот Газа. Новинарот Ваел Дахдух известува дека зградите биле срамнети со земја откако кампот бил нападнат од израелски воени авиони во, како што тврди, „интензивно, неселективно гранатирање“.
Ал Џезира известува дека се стравува дека стотици луѓе се заробени и затрупани под урнатините, а Израел претходно фрлал летоци со кои им кажува на Палестинците да го напуштат бегалскиот камп.
⭕ LIVE: Israel hits Jabalia refugee camp in Gaza for the second time, a day after deadly Israeli air attack ⤵ https://t.co/O4JybCLIWo
— Al Jazeera English (@AJEnglish) November 1, 2023
Израелскиот весник „Хаарец“ наведува дека „видеата од областа покажуваат како чад се издига над комплексот, кој содржи неколку згради“.
Израел вчера соопшти дека го нападнал кампот во обид да го убие локалниот командант на баталјонот на Хамас, Ибрахим Биари, за кој верува дека бил вклучен во нападите на милитантната група на 7 октомври. Вчера, АФП беше сведок на извлекување на најмалку 47 тела од местото на настанот.
Reports confirm a devastating second Israeli army strike on Jabalia Refugee Camp in Gaza's north
Dozens killed and injured in the attack within the last 24 hours ⤵️ pic.twitter.com/ObNSFIHnqj
— Anadolu English (@anadoluagency) November 1, 2023
Друг новинар на Ал Џезира, Сафват Кахлут, кој се наоѓа во областа Кан Јунис во јужниот дел на Газа, известува дека „областа на ал-Фалуџа, која наводно била погодена во нов напад денес, е една од најпреполните во Џабалија. Тој додава дека „се обидува да контактира со извори и роднини во Џабалија, но поради прекинот на комуникациите во моментов не можеме да добиеме повеќе информации“.
Палестинските власти на социјалните мрежи објавија дека „десетици Палестинци се убиени, а многу други се повредени“ во денешниот напад врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа.