Тешко ранетите деца во Газа е подобро да се мртви, тоа е реалноста вели лекар

Од:

Најголемата болница во Газа има гориво за генераторите уште неколку часа, изјави лекар за Sky News. Докоторот Омар Абдел-Манан рече дека е во контакт со медицински експерти во болницата Ал Шифа на „дневна основа“ и дека ситуацијата е „катастрофална“.

„Најголемата грижа што ја имав синоќа беше последната порака што ја добив од колега, кој рече дека нивните генератори можат да работат уште неколку часа“, рече тој.

Објаснувајќи што би значело тоа, тој рече дека светлата ќе се изгаснат, вентилаторите ќе престанат да работат, предвремено родените бебиња ќе „умираат“ и „оние на дијализа секој ден ќе умрат“.

„Ова е, искрено, хуманитарна катастрофа полоша од која било каква што сме сведоци во поновата историја“, додаде педијатарот.

Тој рече дека видел фотографии од деца со „распарчени екстремитети, осакатени тела и изгореници на лицата“ и додаде дека „нема достапен лек за овие деца“. „Речиси им е подобро да се мртви, тоа е реалноста“, рече тој.

„Тие се во страшни болки, во агонија“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протестот

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ

Макрон: Треба да се запре продажбата на оружје што се користи во Газа