Иванов: Неопходно е поврзување на Балканот со европските коридори

Од:

На нашиот регион му треба нова инфраструктура, бидејќи на целиот Балкан има многу затворени патишта кои треба да се поврзат.

Во тој контекст Коридорот 8 ќе го добие своето значење кога Јадранско-јонската магистрала ќе стане европски проект и сите земји ќе  излегуваат на некој од европските коридорите, истакна претседателот Ѓорге Иванов на денешната прес-конференција во Драч на крајот на Петтиот регионален претседателски самит.

Симболиката на овој Самит, како што посочи, е дека Европа ни е цел и токму Коридорот 8 станува прашање за европската иднина за целиот регион.

– Со новата инфраструктура ќе добиеме и нова економска, културна, трговска и туристичка размена. Затоа ние во Македонија инсистираме на Коридорот 8, кој засега дојде до Гостивар да продолжи и до Ќафасан на македонско-албанската граница, истакна македонскиот претседател.

Македонија, како што рече, има излез на два европски коридори, Коридорите 8 и 10, но Косово, Албанија и Црна Гора немаат излез на европски коридори и она, како што истакна, што на почетокот беше идеја сега станува конкретен проект кој би требало да е главна тема на Брдо процесот дека на регионот му треба нов коридор.

Изразувајќи благодарност до албанскиот претседател,  бидејќи Драч го одбрал за место на одржување на вториот циклус на самити, Иванов рече дека кај нашите предци Драч претставувал пат за Рим, а за Рим, Драч бил патот за Истанбул.

– Ако тогаш Виа Игнација ги поврзувала истокот и западот преку Драч, сега Драч ни е симболика Виа Игнација да ја надоврземе на Виа Европа, истакна Иванов.

Шефот на македонската држава нагласи дека во иднина на овие самити би сакале да ги видат како учесници и претседателите на Србија и Грција, бидејќи коридорите ќе поминуваат и низ нивните земји.

– Дваесеттиот век како да ни го затвори просторот и голем дел од некогашните центри станаа периферии. Сега преку европската идеја се обидуваме повторно нашиот простор да се отвори и затоа ни е неопходна нова инфтраструктура, автопатишта, гасоводи, далноводи, оптички кабли, бидејќи новите генерации сакаат своите услуги и контакти да ги остваруваат побрзо, рече Иванов.

Како претседатели, истакна Иванов, ја имаме улогата овие теми да ги отвораме и да им ги даваме на владите за тие да се посветат на нив и да можат фондовите кои му стојат на располагање на целиот регион да се искористат за заеднички проекти.

Домаќинот на Самитот, албанскиот претседател, Бујар Нишани на прес-конференцијата рече дека во сите земји од регионот интеграција во ЕУ е и останува главен приоритет.

– Ова заедничко движење ќе го забрза нашиот пат кон Унијата, а процесите на тој пат ќе ги направи поефикасни и ќе дадат попозитивни резултати за нашите граѓани. Досега на овие средби ја искоренивме недовербата, а сега наша цел е да ја зајакнеме што е можно повеќе меѓусебе, истакна Нишани.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on