Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Од:

Цената на парното греење за 64.000 домаќинства во Скопје ќе се зголеми за 4,51%, иако трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија побрале зголемување на цената од над 50%.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлуки со кои крајната цена за испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од ЕСМ од бараното зголемување на цената од над 50 %, одобри 4,51%.

„Соовие одлуки цената за граѓаните останува во опсег стабилна, а трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија се практично приморани што побрзо да го стават во функција топловодот Беласица за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската енергија од ТЕТО. РКЕ со денешните одлуки, водејќи се од интересот на потрошувачите поставува финансиска рамка и праќа сигнал за максимално економично работење на ќерките фирми на ЕСМ. Со работата на ТЕТО и функционирањето на топловодот Беласица просечна сметка за топлинска енергија изнесува 1 800 денари, без работа на ТЕТО 2 800 денари, што е разлика во цена од 60 %.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Вкупно 64 000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија, а зголемувањето е 80 денари месечно ако се земе една просечна сметка за парно според пресметките на РКЕ.

– Тоа на сметка од 1.000 денари значи зголемување од 45 денари. Оваа одлука не ја носевме се додека не добиеме цврсто уверување дека ќе започне поставувањњето на цевководот под мостот “Беласица“. Цената со користење на енергија од ТЕ-ТО беше двојно пониска и затоа сакавме да ја искористиме што е можно повеќе придобивката од ТЕ-ТО затоа што топланите Исток и Запад имаат многу повисоки цени. При пресметката на факторот на корекција при пресметката на ЕСМ признаваме само 20% од тој фактор на корекција – рече Бислимоски.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски