Агенцијата „Рејтинг“, за потребите на Фокус направи анкетата, на репрезентативен примерок од 1.560 испитаници.
„Рејтинг“ анкетираше не само за местото и довербата на политичките партии, и за тоа кои би можеле да бидат можни наследници на Груевски и Црвенковски, туку и за ставот на граѓаните за политичарите.
За премирерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски позитивно мислење имаат 41,3%, за лидерот на СДСМ Бранко Црвенкоски има 32,4%, за претседателот на ЛДП Андреј Жерновски позитивно мислење имаат 33,1% . Од македонскиoт блок политички партии покрај овие лидери, на листата се појавуваа Љубчо Георгиевски кој има 21%. Додека кај лидерите на албанските политички партии води лидерот на ДУИ Али Ахмети со 25,2% пред лидерот на ДПА Мендух Тачи со 16,9%.
Политичар на кој најмногу негативно мислење од македонските политичари е Љубчо Георгиевски кој има високи 73,4%, по него следува лидерот на СДСМ Бранко Црвенкоски со 63,9% недоверба, премиерот Никола Груевски 55,8% , претседателот на ЛДП Андреј Жерновски има најмал процент на негативно мислење кое изнесува со 39,1%.
Кај политичките партии убедливо водат неопрделените граѓани со 39%. На оваа анкета забележлив е пад на популарноста има кај владечката ВМРО-ДПМНЕ која има 21,9%,а СДСМ има рејтинг од 18,8% , единствени партии од македонскиот блок кој се појавуваат на оваа анкета се ЛДП со рејтинг околу 1,2% и ВМРО-НП-1,3 %. ДУИ има рејтинг од 7,1% додека ДПА 4,8%.